Мајка на војник од потонатиот брод „Москва“: Имаше 19 години … Утрово ми рекоа дека е мртов

Семејствата на членовите на екипажот на рускиот воен брод Москва, кој беше потопен во Црното Море, бараат одговори за судбината на нивните синови.

Гардијан пишува дека Јулија Цивова дури утрово дознала дека нејзиниот син починал. Таа добила повик од руското Министерство за одбрана во кое и било кажано дека нејзиниот син е мртов.

Со денови барала информации за синот Андреј, но никој не сакал да и каже дали преживеал или не.

„Имаше само 19 години, беше регрут. Ништо друго не ми кажаа, ниту информација кога ќе биде погребот“, рекла таа низ солзи, пишува Гардијан.