Идната невеста останала скршена откако нејзината мајка признала дека е „вљубена“ во својот вереник.
Таа на анонимен форум напишаla дека нејзиниот свет се превртел кога нејзината мајка, која отсекогаш ја обожавала, признала дека има емотивни чувства кон нејзиниот иден сопруг, пишува Daily.Mail.
Срцето на невестата се скршило кога нејзината мајка јасно кажала дека ќе подлегне на искушението доколку се укаже прилика, како и дека нема да дојде на свадбата на нејзината ќерка.
Ова откритие наиде на жестоки критики на интернет, а многумина напишаа дека на мајката и е потребна стручна помош.
Вака невестата ја опишала својата врска.
„Свршена сум со прекрасен човек кој го запознав пред околу две години. Имаме навистина убава врска и не можев да посакам подобар партнер“, напиша таа и додаде дека нејзиниот вереник е многу близок со нејзиното семејство.
Често знаеле да одат заедно на планинарење или групно кампување.
Како што напишала, тој понекогаш игра тенис со нејзината мајка за време на викендите, а таа инсистирала на тоа.
- „Рече дека со години е несреќна во бракот и дека мојот партнер прави да се чувствува како никогаш да не била со татко ми“.
