Мајката на загинатиот Томас Златков: 63 не е само бројка, 63 не е статистика – тоа се млади убиени деца и 63 сенки ќе ги следат засекогаш!

Денеска, пред почетокот на судскиот процес за трагедијата во Кочани, Јулија Златкова, мајка на едно од загинатите деца, го изрази својот гнев и болка поради настанот и однесувањето на обвинетите.

-63 убиени деца, 63 уништени иднини на децата и нивните семејства. Многу контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто тие се наоѓаат во судницата? Никој од нив немаше ни грам совест ни човечност да ја признае својата вина. Ни монструмот, ни син му, ни брат му, ни соучесници дали биле од прв од втор од трет ред, никој не покажа барем човечност, а сите ние знаеме кој е виновен и се надевам дека ќе ја добиеме правдата за нашите убиени деца! 63 не е само бројка! 63 не е статистика! Тоа се млади убиени деца и 63 сенки ќе ги следат засекогаш. Искрено се надевам дека овие деца и ние семејствата ќе ја добиеме правдата бидејќи овие деца заслужуваат правда, вели Јулија Златкова, мајка на Томас Златков.