Мајката на загинатиот Томас во дискотеката „Пулс“: „Нашите деца ја платија цената на коруптивниот систем“

Во судницата во Казнено-поправниот дом „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, каде пред судечкиот совет денеска повторно се појавија обвинетите.

Првообвинетиот, сопственикот Дејан Јованов, беше спроведен од затворот во Куманово, каде што се наоѓа во притвор. Родителите на загинатите и повредените присутни на рочиштето чекаат да влезат во делот од судницата од кој преку стаклени врати го следат процесот.

Јулија Златкова, мајката на починатиот Томас, изрази надеж дека судијката ќе го води постапувањето како и во првото судење – „праведно и фер“.

„Повеќе од осум месеци живееме во агонија сега имаме искра надеж oд неа и воведниот збор на обвинителот. Никој не растел дете за да стане херој туку човек, нашите деца ја платија цената на коруптивниот систем ја плаќаме цената со изгубените животи на децата. Насилно им ја прекинаа младоста и иднината бараме правда, обвинети со имиња и презимиња. Кој му помогна на монструмот во убиството, многу се неможам сите да ги набројам,“ порача таа.

На денешното рочиште се очекува обвинетите да се изјаснат дали се чувствуваат виновни по обвинението.