Македонија

Македонец уапсен кај ГП „Батровци“, носел 313 парчиња муниција

Македонец уапсен кај ГП „Батровци“, носел 313 парчиња муниција

Српската полиција уапси 22-годишен државјанин на Северна Македонија во близина на граничниот премин Батровци со Хрватска поради поседување 313 парчиња муниција со различен калибар, јави Бета.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека македонскиот државјанин е осомничен за недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Одредена му е мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни