Македонски државјанин го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила во текот на ноќта на автопатот кај Лесковац, Србија.
Според информациите од полицијата во Лесковац, несреќата се случила околу 1:50 часот по полноќ, кога камионот со кој управувал возачот се превртел, по што избувнал пожар.
На местото веднаш пристигнале противпожарни и спасувачки екипи, кои интервенирале за гаснење на пожарот и пребарување на возилото.
По локализирањето на огнот, пожарникарите при пребарувањето на кабината го пронашле безживотното тело на возачот.
Засега нема информации за причините и околностите под кои дошло до несреќата. Надлежните служби продолжуваат со утврдување на деталите за случајот.