Специјалистот за одбрана во македонската ракометна репрезентација Велко Маркоски поради повреда нема да може да настапи на Европското првенство во Виена. По дополнителните испитувања на Велко Маркоски, направено е КТ на окото и ЕХО на окото и по добиените резултати, препорака на докторот е дека Велко Маркоски ќе треба да паузира 2-3 недели.
Ова значи дека Маркоски сигурно ја пропушта првата фаза од натпреварите, а доколку Македонија се пласира во следната фаза постои можност Велко Маркоски да се стави на располагање на селекторот Данило Брестовац.
Велко Маркоски досега има настап на четири ЕП (Србија 2012; Данска 2014; Полска 2016 и Хрватска 2018) и има одиграно 23 натпревари и постигнато 3 голови.