„Македонија-Блокира“ со кривична против ДИК за одбивањето на претседателската кандидатура на Петровски

Од „Македонија-Блокира“ денеска најавија поднесување кривична пријава против ДИК за, како што велат, свесно одбиената кандидатура на Филип Петровски за претседател.

„Македонија-Блокира„ на 21 март, четврток, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе ја поднесе најавената кривична пријава против членовите Државната изборна комисија, службеници на ДИК во подрачните канцеларии и службеници во Дипломатско – конзуларните претставништва во странство за сторени повеќе кривични дела со кои свесно ја спречија кандидатурата на д-р Филип Петровски за претседател на Република Македонија.

Потоа во 13 часот ќе биде даде изјава за медиумите пред зградата на Основното јавно обвинителство Скопје.“, соопштуваат од „Македонија-Блокира“

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното