По разгледувањето и дискусијата по точката на дневен ред во на Централниот совет на ДУИ, пред седиштето во Тетово консензуалниот кандидат за претседател Стево Пендаровски рече дека не е важно кој ќе победи на изборите, туку важно е Македонија да покаже дека може да спорведе регуларни и демократски избори.
„Прва и основна задача на овие избори не е кој ќе победи, туку треба Македонија да покаже во очи одлука на Европскиот совет која ја очекуваме во јуни, дека може, е сподобна има капацитет да спроведе кристално чисти избори. Ако тоа не го направиме, не битно е кој ќе победи“, изјави Стево Пендаровски – консензуален кандидат за претседател на Република Северна Македонија.
Пендаровски во Тетово пристигна директно од Скопје, каде СДСМ одржува конгрес на кој треба да му биде дадена поддршка на Стево.