Костадин Костадинов од плитичката партија „Преродба“ за време на денешната прва седница од новиот бугарски парламент, рече дека Македонија е втората бугарска држава.
„Должни сме да го заштитиме бугарскиот национален интерес во втората бугарска држава во Европа, Македонија или како што е од скоро Северна Македонија“, изјави Костадин Костадинов.
Претходно говореше и претседателката на социјалистите. Таа побара да се врати ветото за Македонија.
„Ние од БСП не го поддржавме решението на парламентот за давање зелено светло за членство на РСМ во ЕУ. Имавме свои аргументи. Гледате ли што се случува последните денови, недели, месеци? Во името за заштита на бугарскиот народ предлагаме декларација, која парламентот ќе треба да ја одобри, со која ќе го осудиме јазикот на омразата, агресијата, понижувањето на бугарското знаме и симболи, химната и бугарскиот народ“, изјави Корнелија Нинова, претседателка на бугарската социјалистичка партија.