Македонија изоставена од пофалбите на ЕУ комесарката за проширување

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во објава на социјалната мрежа „Х“ ги пофали земјите од Западен Балкан и останатите кандидати за членство во Европската унија кои, како што истакна, постигнале значителен напредок на патот кон ЕУ во текот на 2025 година — со исклучок на Македонија, која не беше спомната во нејзината објава.

„2025 година беше година на значаен напредок за проширувањето на Европската унија.

Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија се издвојуваат со најголем напредок во спроведувањето на реформите во изминатата година.

Нашите кандидати имаат амбициозни цели да ги завршат преговорите, а претстојната година ќе биде момент на вистината,“ напиша Кос на платформата „Х“.