Македонија официјално ја одби понудената помош од Бугарија за испорака на мазут, соопшти Министерството за надворешни работи.
„Утрово се одржа телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев. Министерот Муцунски изрази благодарност за понудената помош, истакнувајќи дека во моментов нема потреба од дополнителна поддршка, бидејќи состојбата е стабилна“, соопшти МНР.
Според официјални извори, земјата останува фокусирана на алтернативни и почисти извори на енергија, како и на мерки за зголемување на енергетската ефикасност.
Понудата од Бугарија доаѓа по одлуката на Владата за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, која важи во рок од седум дена.
