Македонија

„Македонија не смее да биде без Собрание“ – Груби: Изборите од 12 април може да се одложат

Доколку РСМ не добие покана за влез во НАТО во текот на јануари, лидерите на политичките партии се договорија да се одложат изборите, истакна синоќа пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во емисијата „Опинион“ во Тирана.

„Доколку не гласа Шпанија, ние ќе треба да ги одложиме изборите кои ги договоривме на лидерската средба. Во Договорот на лидерите стои дека Македонија може да оди на избори само по членството во НАТО. Не можеме да ризикуваме сите земји што го имаат ратификувано протоколот во нивниот парламента, и на крај ние да бидеме без парламент“, вели Груби.

И премиерот Заев рече дека би било несериозно од наша страна да немаме парламент во момент кога сите земји го ратификувале пристапниот протокол.

Пред неколку дена лидерите на политичките партии на средбата кај претседателот, Стево Пендаровски, се согласија земјата да оди на предвремени парламентарни избори по неуспегхот за не добивање датум за започнување на преговорите со ЕУ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни