“Македонија пат” – подготвени ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои низ државата

Екипите на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје подготвени ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои низ државата.

– Навремено се превземени превентивни мерки со опесочување на сите делници на кои се очекуваат ниски температури и врнежи од снег, се наведува во соопштението од ЈПОЗМРП Скопје – „Македонија пат“.

Воедно упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.