Македонија поразена од Велс со 7:1

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да се пласира во баражот за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, откако во последното коло од квалификациите загуби од Велс со убедливи 7:1. И покрај тоа што имаше само еден пораз во групата J, Македонија заврши на третото место, со три бода помалку од Велс, додека Белгија обезбеди директно учество на Мундијалот.

Сепак, Македонија и натаму има шанси за пласман на Светското првенство преку плеј-офот на Лигата на нации, каде што можни противници ѝ се селекции како Италија, Турција, Украина и Австрија.

На стадионот во Кардиф, македонските фудбалери губеа со 2:0 по само 20 минути игра, но надежите се обновија со голот на Миовски во 23. минута. Домаќинот ја круниса својата подобра игра со погодокот на Џонсон во 37. минута, а потоа го доврши резултатот во второто полувреме со головите на Џејмс, двата на Вилсон и Броудхед.