Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година вечерва ќе се соочи со Италија на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Од Фудбалската федерација на Македонија апелираат навивачите да пристигнат навреме и заеднички да ја поддржат младата селекција.
Вратите на стадионот ќе бидат отворени во 16:15 часот, а организаторите препорачуваат навивачите да дојдат порано за да се избегнат гужви и сите навремено да ги заземат своите места. При влезот, билетите ќе бидат скенирани од овластени лица, па затоа се препорачува тие да бидат подготвени однапред за побрза процедура.
Од федерацијата потсетуваат дека на билетите е наведено кои предмети не се дозволени за внесување и апелираат правилата да се почитуваат во интерес на безбедноста.
Навивачите се охрабруваат да понесат знамиња, шалови или дресови во црвено-жолти бои за да создадат вистинска атмосфера и да дадат максимална поддршка на младата македонска репрезентација.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!