Македонска пејачка потресена по страшниот земјотрес во Мелбурн: Очигледно сум заборавила што е земјотрес

Македонската пејачка Маријана Новачевска, од дуото близначки Маријана и Росана, долги години живее во Австралија, а вчера се огласи и преку потресен статус откако одекна веста за силниот земјотрес во Мелбурн.

„Јак земјотрес во Мелбур. До толку без исплашена од звуците, тресењето, паѓањето на сликите од ѕидот, едвај и дојдов до вратата. По се изгледа сум заборавила што е земјотрес“, пиша пејачката.

Инаку, во текот на вчерашниот ден земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди австралискиот град Мелбурн, а земјотресот бил почувствуван и во повеќе делови од југоисточна Австралија.