Цистерна со македонски регистарски ознаки, управувана од државјанин на Северна Македонија, се преврте завчера во Србија, на автопатот Владичин Хан – Врање.
До незгодата дојде откако возачот удрил во заштитната ограда и излетал од патот и се превртел. За среќа не истекува гас, кој се превезувал со цистерната. На лице место имало траги на кочење.
Денеска ќе биде извадена течноста од цистерната, и ќе биде отстранета од патот.