Македонија

Македонската CS:GO репрезентација се пласираше во финалето на Светското еспорт првенство

Македонската CS:GO репрезентација се пласираше во финалето на Светското еспорт првенство

Македонската CS:GO репрезентација се пласираше во финалето од Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација (МЕСФ) кое се одржува офлајн во Бали, Индонезија, јавува Радиомоф.

Финалето е закажано за утре сабајле во 3:20 часот, а Македонија ќе игра со Монголија, односно тимот „IHC“.

Репрезентацијата која ја претставува тимот „BLUEJAYS“ во состав на Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел „dan1“ Глигоров, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски и Павле „stYleEeZ“ Стојановски влегува во финалето на првенството откако ја победи репрезентацијата на Русија со 2-0.

Целокупниот награден фонд на првенството е 100.000 долари, односно 50.000 долари за прво и 30.000 долари за второ место.

Инаку, Македонија е веќе актуелен светски првак откако минатата година го освои истото Светско првенство кое тогаш се одржа во Еилат, Израел. Истовремено, Македонија е и европски шампион во CS:GO, втора година по ред.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни