Македонски државјанин баран од Интерпол уапсен во Приштина - 4NEWS.mk
Поврзи се

Балкан

Македонски државјанин баран од Интерпол уапсен во Приштина

Косовската полиција објави денеска дека постапувајќи според меѓунаордна потерница издадена од Интерпол, синоќа во Приштина уапсила државјанин на Република Северна Македонија.

Во редовниот 24-часовен полициски билтен, како што јави дописникот на МИА од Приштина, се наведува дека апсењето го извршила специјална полициска единица вчера околу 20:45 часот, а нема информации за идентитетот на уапсениот, ниту за делото за кое е распишана потерницата од Интерпол.

– Од страна на Единицата за избегани лица, „Фаст Косова”, во соработка со специјалната единица, врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол, уапсен е бегалец од албанска националност, македонски државјанин, се вели во полициското соопштение.

По налог на надлежен обвинител, на уапсеното лице му е одредена мерка притвор, соопшти полицијата.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com