Балкан

Македонски камион се судри со босански автобус во Хрватска, еден загинат и десетина повредени

На автопатот А3 меѓу Белград и Загреб, во близината на Нова Градишка, се случи сообраќајна незгода со смртни последици. Според информациите, камин со македонски регистарски ознаки, удри во автобус со регистарски ознаки на БиХ, при што возачот на каминот загина, а десет лица од автобусот се здобиле со повреди.

Повредените биле пренесени во болница во Нова Градишка, но и натаму не е позната нивната состојба.

Очевидците кои ја преживеале несреќата сведочат за силен удар. Автобусот застанал поради несреќа која била во моментот на патот, и потоа камионот удрил во нив, при што излетал од патот.

The post Македонски камион се судри со босански автобус во Хрватска, еден загинат и десетина повредени appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни