Македонија

Македонски туристи оставени на улица во Грција – си платиле за хотел, но агенцијата не платила аранжман

Македонски туристи оставени на улица во Грција – си платиле за хотел, но агенцијата не платила аранжман

Хотелот Gerakini Sitonia vilage во Грција денес им го прекинал одморот на 10 семејства од Македонија, поради нерасчистени сметки со Агенцијата ЈК Травел, преку која имале уплатени осум дена.

Меѓу оставените туристи има и деца.

Имено семејствата си имале уплатено цел престој преку агенцијата ЈК Травел, а агенцијата ги немала уплатено целосно средствата на хотелот.

„Оставени сме на улица тука околу 40 души. Исто така на доаѓање две семејства со мали деца беа оставени една ноќ сами да се снаоѓаат на улица поради нерегуларна работа на агенцијата ЈК Травел“, велат оштетените.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни