Македонски туристи заглавени на автопат во Грција, автобусот се расипал кога се враќале од Турција – се огласи и компанијата!

Медиумите објавија дека околу 50 туристи од Македонија, меѓу нив бебиња и постари лица, биле заглавени повеќе од 14 часа на автопат во Грција, враќајќи се од Истанбул. Според патниците, автобусот се расипал уште во Турција, а на сервис чекале околу 5 часа без помош. Некои сведоци во изјави за медиумите тврдат дека автобусот бил небезбеден, а сопственикот Армин Ганиќ наводно ги натерал луѓето да продолжат патувањето.

4NEWS.MK контактираше со компанијата „Ганиќ Ексклузив“, од каде велат дека возилото било во исправна состојба и извршени се редовен и вонреден технички преглед. Компанијата објасни дека за време на враќањето дошло до пукање на црево и загревање на моторот, поради што автобусот не можел да продолжи патот.

„Автобусот кој што беше испратен на пат за Истанбул беше во комплетно исправна состојба, со извршен редовен и вонреден технички преглед, со потврда за исполнување на посебните техничко – експлатациони услови, автобусот дополнително беше проверен од сервис во Скопје пред да појде на пат. За време на враќање од Истанбул за Македонија непредвидено дојде до пукање на црво и загревање на моторот поради што автобусот неможеше да го продолжи патот. Поради пукање на црево патниците не се доведени до никаков ризик, но поради дефектот автобусот неможеше да продолжи на пат кон Македонија. Веднаш кога се појави дефектот сопственикот на агенцијата превзема одговорност за да се среди дефектот со барање на механичари кои би го средиле проблемот (како патниците не би чекале со часови додека дојде друг автобус). Се работи за странска земја каде што немаме контакти од многу механичари. Очекувавме дека дефектот ке биде среден од механичарите. Бидејки дефектот не беше среден, нашата компанија веднаш испрати друг автобус од Македонија“, велат од компанијата за 4NEWS.MK.

Компанијата нагласува дека туристите ќе пристигнат во Македонија во следните часови и изразува жалење за непријатноста предизвикана од непредвидениот дефект на автобусот.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.