Македонија

Македонскиот бокс во жалост: Во тешка несреќа загина младата надеж Еди Насуфи

Македонскиот бокс во жалост: Во тешка несреќа загина младата надеж Еди Насуфи

Македонскиот бокс е завиен во црно по трагичната вест за смртта на 19-годишниот Еди Насуфи, кој настрадал во сообраќајна несреќа во изминатите денови.

Насуфи беше редовен репрезентативец на Македонија во повеќе возрасни категории, а своите боксерски вештини ги усовршуваше во струшкиот клуб „Синди“. Македонската спортска јавност го сметаше за еден од најголемите таленти во младинскиот бокс.

Сочувство до семејството на младото момче изрази и македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум, кој преку соопштение ја истакна големата загуба за македонскиот спорт.

Еди Насуфи е роден во струшкото село Велешта, а неговиот предвремено прекинат живот остави длабок впечаток кај спортската јавност и сите кои го познаваа како млад боксер со голем потенцијал.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни