Македонија

Македонско-бугарската комисија разговарала за учебниците по историја и заедничко чествување на Гоце Делчев – нова средба кон крајот на октомври

Македонско-бугарската комисија разговарала за учебниците по историја и заедничко чествување на Гоце Делчев – нова средба кон крајот на октомври

Министерството за надворешни работи информира дека вчера и денес Комисијата за историски и образовни прашања ја одржа својата 20 седница.

Врз основа на претходно утврден дневен ред членовите на Комисијата разговараа за учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.

Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми.

Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни