„Македонско село“ повторно под закуп, јавното наддавање на 14 февруари

Владата денеска објави оглас за изнајмување на туристичко-етнографскиот комплекс „Македонско село“ во скопско Нерези, со планиран закуп од 15 години. Јавното наддавање ќе се одржи на 14 февруари, а комплексот е поделен на четири целини, за кои ќе се лицитира одделно.

Прва целина: Струшка куќа, Македонски ан и Велешка куќа – почетна цена 91.575 денари

Втора целина: Галичка куќа, Реканска куќа и куќа од Скопска Црна Гора – 54.839 денари

Трета целина: Делчевска, Кумановска и Тетовска куќа со рецепцијата – 44.529 денари

Четврта целина: Прилепска, Битолска, Кратовска и Беровска куќа – 49.868 денари

Од Службата за општи и заеднички работи на Владата очекуваат голем интерес од потенцијални закупци, и покрај тоа што претходниот концесионер се откажа од управувањето пред шест години поради, како што наведе, нерентабилност.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното