Свет

Макрон донесе одлука: Франција ќе ја признае државата Палестина во септември!

Макрон донесе одлука: Франција ќе ја признае државата Палестина во септември!

Франција планира официјално да ја признае државата Палестина во септември, за време на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации. Ова денеска го соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

Во писмо објавено на неговиот профил на Икс (поранешен Твитер), Макрон го информирал претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, за намерата Франција да стане првата западна сила што ќе ја признае Палестина како независна држава.

„Останувам посветен на праведен и траен мир на Блискиот Исток. Донесов одлука Франција да ја признае државата Палестина, и тоа официјално ќе го објавам на Генералното собрание на ОН во септември. Неопходно е итно да се стави крај на конфликтот во Газа и да се обезбеди хуманитарна помош за цивилното население“, порача Макрон.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни