Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека денеска ќе одржи нова средба со лидерите на „неколку европски и неевропски земји“.
„Целта е да разговараме со сите дваесет и седум (членки на ЕУ) до крајот на неделата“, изјави Макрон за француската телевизија RTL, откако во понеделникот во Париз собра десет лидери од клучните европски земји, Европската унија и НАТО.
Макрон рече дека Париз во моментов не се подготвува да испрати копнени трупи во Украина, но истакна дека Франција размислува да испрати воени експерти или ограничен контингент надвор од зоната на конфликтот.