Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја оцени како позитивен потег ослободувањето на израелските заложници кои беа во заробеништво на Хамас и изрази надеж дека тоа може да придонесе кон мир во Израел, Газа и поширокиот регион.
„Го споделувам чувството на радост со семејствата и со израелскиот народ, бидејќи седум заложници штотуку беа предадени на Црвениот крст,“ напиша Макрон на платформата Икс, по пристигнувањето во Шарм ел Шеик, каде што присуствува на „Самитот за мирот“ посветен на кризата во Газа.
Подоцна беа ослободени и дополнителни 13 заложници, со што, според известувањата, Хамас повеќе не држи заложници во живот.