Свет

Макрон и Меркел со нов договор за јакнење на германско-француските пријателски односи

Емануел Макрон и Ангела Меркел денеска треба да го потпишат текстот на договор за јакнење на француско-германските односи за да испратат позитивна порака до Европската унија.

Текстот го одразува и интензитетот на француско-германските односи и тешкотијата да се даде нов елан.

Идејата за овој нов договор беше на Емануел Макрон во својот говор на Сорбона на 26 септември 2017 година.

Составен од дваесет и осум члена, овој „Договор за француско-германска соработка и интеграција” нема иста амбиција како Договорот од 1963 година. Во тоа време, помалку од 20 години по завршувањето на Втората светска војна Шарл де Гол и Конрад Аденауер потпишаа „договор за помирување”, вели Елисејската палата. Педесет и шест години подоцна, тоа е „договор за усогласување” што Емануел Макрон и Ангела Меркел ќе ги потпишат, се објаснува во Париз.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни