Макрон: Русија е единствената пречка за траен мир во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија е единствената пречка за траен мир во Украина.

„Единствената црвена линија што ја имаме во последните три години се вика Русија, а Москва води хибридна конфронтација со Европа, вклучително и Франција“, рече Макрон во интервју за RTL.

Макрон нагласи дека „првата гаранција за безбедност“ е обновата на украинската армија и дека на Украина ѝ се потребни силни безбедносни гаранции за да се спречи „нова инвазија“.