Мал авион се урна во мочуриште во Лузијана – загинаа две лица

Во јужниот дел на американската сојузна држава Лузијана се урна мал авион во мочуриште, соопштија властите.

Авионот паднал во мочуриштето во близина на автопатот во 20:30 часот по локално време, при што загинаа двете лица кои биле во авионот. Причината за падот ја утврдуваат Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната управа за авијација.

Официјалните лица стигнале до остатоците со чамец, а голем од авионот во кој се превезувале двете лица бил под вода.

Официјален претставник на канцеларијата на шерифот ги потврди медиумските извештаи за Асошиетед прес дека и двете лица се претпоставува дека се мртви.

Дополнителни детали, вклучувајќи го и идентитетот на жртвите, засега не се достапни.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното