„Малиот шенген“ ги спои Вучиќ, Рама и Заев – никој не сакаше да говори прв за Косово, БиХ и Црна Гора

Еден ден пред да се договорат за т.н. „мал шенген“ се сретнаа и прошетаа низ Нови Сад, Србија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и на Северна Македонија, Зоран Заев, велат дека преку документот за „мал шенген“ се исполнуваат четирите основни слободи: слободен проток на стока, капитал, услови и луѓе.

Проблемите со доцнењето во преводот за Еди Рама, се показател дека сѐ уште има потреба од посредување.

Вучиќ, Рама и Заев без проблем говореа околу „малиот шенген“, но не и кога беа прашани – зошто нема присутни претставници на Црна Гора, Босна и Косово. Никој не сакаше да говори прв.

Објаснувањето на Заев беше дека во Косово се очекува формирање на Влада, додека пак Босна сѐ уште не одлучила за својата Влада. Тој додаде дека од денеска па натаму, се отворени вратите за овие земји во „малиот шенген“. Следната средба се очекува да се одржи во Охрид на 10-ти ноември, каде се очекува да бидат потпишани неколку договори за соработка.

Извор: ТВ21