Македонија

Малиот Шенген не е закана за ЕУ: Црна Гора најблиску до Унијата, каде е Македонија?

Лидерите на самитот во Охрид заклучија дека немаат друга алтернативна освен Европската унија и т.н „Мал Шенген“ не ја загрозува иднината на регионот ниту пак Европската унија.

Премиерот Зоран Заев побара забрзување на процесот за интегрирање и уште еднаш потврди дека Северна Македонија ги има исполнети сите барања на ЕУ и направила клучни реформи.

„Имавме можност, да слушнеме од највисоките претставници на Франција кои беа во Женева, дека Франција не е против проширувањето на ЕУ, дека Франција не нуди алтернатива за нашиот пат кон полноправно челенство во ЕУ. РСМ нема друга алтернатива освен членство во ЕУ, јас верувам дека и целиот регион нема друга алтернатива“, рече Заев.

Но, министерката за економија на Црна Гора не се согласува со Заев дека Македонија е земјата која прва треба да почне преговори со ЕУ. Таа смета дека Црна Гора е државата која е најблиску до ЕУ.

„Црна Гора е земја која е и најблиску до таа цел за пристапување во ЕУ од сите земји во регионот. Зема која во рамките на ЦЕФТА нема ниту еден отворен случај. Ние сме една од земјите потписнички на ЦЕФАТА, исто така и на Берлинската иницијатива како и повеќе годишниот план за заеднички економски простор. Ние сме земја која е најстара во примената на овој план“, вели Драгица Секулиќ, министерка за економија на Црна Гора.

Српскиот претседател пак Вучиќ е дециден дека сите држави ги следат препораките на ЕУ, но тој вели дека не е до нас, треба да има слух и од другата страна.

„Тие нам ни се допаѓаат, но дали ние нив им се допаѓаме. Не може да се додворуваме, ако немаме алтернатива, чекајте ве молам, извинете ако нешто погрешно сте разбрале. Ние ова го правиме за нашите граѓани, за нашите луѓе. Но најважниот пат за нас е живото на нашите граѓани, мене ме интересира да направам нешто за луѓето во Србија“, рече Вучиќ.

Еди Рама вели дека и Албанија е за ЕУ, но и за слободни земји и граѓани.

„Ние сакаме да влеземе во ЕУ, да бидеме слободни земји и граѓани , каде што луѓето слободно ќе соработуваат меѓусебе, да контактираат и за она што се договоривме и тоа што го имаме на хартија ние треба да го имплементираме“, вели Рама.

Претседателот на советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ вели дека покрај ЕУ треба меѓусебно да се јакне и регионот.

„Евроатланските интеграции нема друга алтернатива но тоа не значи дека нема да останеме и понатаму силно посветени на јакнење на регионалните односи и унапредување на соработката со сите наши соседи“, изјави Звиздиќ.

Вучиќ на крајот од прес конференцијата револтиран од ЕУ рече дека бара само да кажа што сакаат.

„Кога бев мал ми се допаѓање една глумица која живее некаде во Холивуд и јас размислував како да дојдам до неа, а таа никогаш не слушнала за таква будала. Ние што бараме од ЕУ е само да ни кажат што сакаат со нас. Ништо повеќе, а не да не водат од еден на друг состанок и ние да му објаснуваме на нашите народи дека сме постигнале голем напредок, а луѓето само си заминуваат од нашите земји“, вели Вучиќ.

Вучиќ утревечер има средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон и му рече на Заев дека ќе праша и за Македонија околу членството и француското вето.

Најавената средба меѓу македонскиот и францускиот претседател Стево Пендаровски и Емануел Макрон е добра вест за придвижување на евроинтегративниот процес на земјата, велат упатените. Очекувањата се дека позициите на Франција за процесот на проширување ќе станат појасни.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни