Малолетен џихадист ученикот од Пловдив направил бомба со 14 кг експлозив – спречен терористички напад во Пловдив - 4NEWS.mk
Поврзи се

Балкан

Малолетен џихадист ученикот од Пловдив направил бомба со 14 кг експлозив – спречен терористички напад во Пловдив

Бугарската полиција во соработка со Агенцијата за безбедност и обвинителството уапсила малолетен џихадист кој се спремал за терористички напад во Пловдив.

Станува збор за бугарски државјанин, кој, според изворите на бугарските медиуми е помлад од 18 години.

Неговата намера била да активира рачна бомба на последниот училиштен ден. Бомбата била најдена во неговата куќа.

За момчето и неговото семејство во полициските досиеја досега не биле забележани никакви радикални активности.

Тој е уапсен во заедничка операција на министерството за внатрешни работи на Бугарија, Агенцијата за државна безбедност и обвинителството.

При претресот на неговата куќа биле откриени различни делови на несоставената бомба. Момчето во моментов соработува со психолози на бугарската полиција, кои се обидуваат да ги откријат неговите мотиви.

Извори од бугарското министерство за внатрешни работи наведуваат дека младите од непознати причини во последно време се сѐ поподложни на исламистичката радикализација.

Ова е првпат во Бугарија да биде спречен терористички напад.

Извор: MKD.MK

The post Малолетен џихадист ученикот од Пловдив направил бомба со 14 кг експлозив – спречен терористички напад во Пловдив appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com