Хајди Клум, позната манекенка и старлета, со години ја криеше ќерката Лени од очите на јавноста. Наследничката на германската убавица, на 16 -годишна возраст, доби дозвола да отвори профил на Инстаграм, а на 4 мај 2020 година, ја објави својата прва фотографија на популарната социјална мрежа. Една година подоцна, убавицата, која ја следат над милион луѓе, прави ревии за познати дизајнери и објавува провокативни фотографии.
Лени Клум беше во саботата вечерта на премиерата на филмот на Нетфликс „The Harder They Fall“ заедно со нејзиниот татко Сил, а неколку дена пред тоа, наследничката на Хајди Клум беше ангажирана како модел на новата колекција на модното дуо Долче и Габана.
Иако Хајди и забранувала на ќерка си да отвора профил на Инстаграм до нејзината 16-та година, само една година подоцна на профилот на Лени се појавила фотографија од насловната страница на списанието Rollacoaster, на која 17-годишната Лени позира во раскопчано палто.
