Македонија

Малолетничка нападната и горена со цигара од две врснички во Кавадарци

Малолетничка нападната и горена со цигара од две врснички во Кавадарци
Фото: 4news.mk

Случај на врсничко насилство е пријавен во Кавадарци, откако мајка пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички. Според пријавата, едната ја држела девојката, додека другата ја горела со цигара.

Настанот, како што информираат од СВР Велес, се случил на 16 ноември на улицата „Сремски фронт“ во Кавадарци.

Мајката го пријавила случајот два дена подоцна, на 18 ноември, во 22:30 часот, во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци.

За настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Кавадарци.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни