Економските проблеми, високите трошоци за живот и недоволните можности за подобра иднина и натаму ги тераат граѓаните на Македонија да размислуваат за живот надвор од земјата. Иако чувството на безбедност е повисоко од регионалниот просек, повеќе од една четвртина од населението има одредена намера да се исели, покажува истражувањето SecuriMeter 2026 на Советот за регионална соработка (RCC).
Според резултатите, 26,1 процент од граѓаните размислуваат за заминување во странство. Кај 14,2 проценти станува збор за неодреден план, 6,2 проценти веќе имаат разработена намера, додека 5,7 проценти преземаат конкретни чекори за преселување. Наспроти нив, 68,1 процент од испитаниците изјавиле дека не планираат да ја напуштат државата.
Во споредба со другите земји од Западен Балкан, Македонија е под регионалниот просек, кој изнесува 29,3 проценти. Сепак, според уделот на граѓани кои веќе преземаат конкретни активности за иселување, земјата е меѓу водечките во регионот, веднаш зад Босна и Херцеговина и Албанија.
Младите најмногу размислуваат за живот во странство
Иселувањето останува особено изразено кај младите. Истражувањето покажува дека 58,1 процент од младите на возраст од 18 до 24 години во Западен Балкан размислуваат да живеат или работат во странство. Од нив, 28,7 проценти веќе имаат конкретен план или преземаат чекори за заминување.
Во Македонија, дури 80,1 процент од граѓаните ги сметаат депопулацијата и иселувањето за сериозен општествен проблем. Овие прашања се меѓу трите најголеми грижи на населението, по трошоците за живот и инфлацијата, кои ги загрижуваат 93,8 проценти од испитаниците, и состојбите со работните места и платите, наведени од 81,7 процент.
Дополнителен показател за финансиската несигурност е податокот дека само 31,7 проценти од домаќинствата можат да покријат неочекуван трошок од 1.000 евра без да се задолжат или да побараат помош од други лица.
Чувството на безбедност е над регионалниот просек
И покрај економските предизвици, граѓаните на Македонија имаат повисоко чувство на безбедност во споредба со просекот во Западен Балкан.
Дека земјата е безбедно место за живеење сметаат 62 проценти од испитаниците, додека регионалниот просек изнесува 56,6 проценти. Кога станува збор за безбедноста на регионот, позитивен став имаат 55,3 проценти од граѓаните, наспроти просекот од 48,7 проценти.
Лично чувство на безбедност пријавиле 70 проценти од испитаниците во земјата, што е над регионалниот просек од 63,6 проценти. Воедно, 37,7 проценти се загрижени од можноста за војна во државата, што е најнизок процент во споредба со другите земји од Западен Балкан.
Повеќе од половина од потенцијалните иселеници ја избираат ЕУ
За граѓаните кои размислуваат да ја напуштат земјата, Европската Унија останува најпосакуваната дестинација. Истражувањето покажува дека 52,4 проценти од потенцијалните иселеници би се преселиле во некоја од земјите членки на ЕУ.
На второ место е Швајцарија, за која се определиле 18,8 проценти, додека 16,5 проценти ги избрале САД, Канада и Австралија.
Интересот за преселување во Европската Унија е поголем од регионалниот просек, додека мал дел од испитаниците би избрале друга земја од Западен Балкан.
Недоверба во политичките институции, висока доверба во Армијата
Резултатите покажуваат дека граѓаните поретко забележуваат улично и семејно насилство во својата околина во споредба со жителите на другите земји од регионот.
Улично насилство во соседството пријавиле 20,8 проценти од испитаниците, додека регионалниот просек е 28,9 проценти. Семејно насилство забележале 22