Малолетничка три месеци тепала и психички малтретирала друга малолетничка, а сето тоа го снимала со телефон!

На 19.09.2025 во 09:00 часот во СВР Штип С.Д.(25) пријави дека изминатите три месеци во Штип нејзината 12-годишна сестра била физички напаѓана и психички малтретирана од 13-годишна малолетничка, а тоа било снимано со мобилен телефон.

Во полициска станица во присуство на нивните родители бил извршен службен разговор со малолетничката која ја напаѓала сестрата на пријавителката и со уште еден малолетник и по целосно расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.