Малолетник допирал 16-годишна ученичка во училиште во Кочани

Родител на 16-годишна ученичка од средно училиште во Кочани, вчера пријавил во Полициската станица дека неговата ќерка била несоодветно допирана од друг малолетник додека се наоѓала во училишните простории.

За настанот е известен јавен обвинител, а полициските служби преземаат соодветни мерки и активности за целосно расветлување на случајот.