Македонија

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

На 12.11.2022 во 20.20 часот на магистрален пат А2 Охрид-Кичево, во населба Горица, кај бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(39) од с.Другово, кичевско, и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 16 годишен малолетник од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, кој бил пренесен во Медицински центар-Кичево за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кичево.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни