Македонија

Малолетник загина во несреќа со мопед во село Тимјаник

Малолетник загина во несреќа со мопед во село Тимјаник

На 20.12.2025 во ОВР Неготино, било пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни