Македонија

Малолетник завршил во болница откако бил послужен со алкохол во кичевски локал

Малолетник завршил во болница откако бил послужен со алкохол во кичевски локал

Малолетник од кичевското село Србица бил пренесен во болница откако му се влошила здравствената состојба по консумирање алкохол во угостителски објект во Кичево.

Случајот бил пријавен во ОВР Кичево на 2 октомври во 23:45 часот. Според пријавеното, малолетникот бил послужен со алкохол во локалот, по што му се влошила здравствената состојба.

Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против правниот субјект и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни