Македонија

Шеснаесет лица приведени низ државата, пронајдени марихуана и кокаин

Шеснаесет лица приведени низ државата, пронајдени марихуана и кокаин
Фото: 4news.mk

Шеснаесет лица се лишени од слобода на повеќе локации во државата во одделни полициски акции, при што кај нив биле пронајдени и одземени различни видови дрога. Меѓу пронајдените материјали има марихуана, кокаин и бела прашкаста материја, а во еден од случаите бил пронајден и кујнски нож.

Во Скопје, во текот на 3 и 4 октомври, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода осум лица – Г.П.(21), С.Б.(37), М.Х.З.(39), С.М.(19), 17-годишничка, М.И.(38) од Велес, Х.Д.(25) од Гостивар и Е.С.Е.(22) од Турција. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Во Тетово, на улицата „Киро Ристоски-Дрнц“, бил лишен од слобода Л.А.(36) од Тетово. При преглед кај него биле пронајдени две пакувања со кокаин и кујнски нож.

Подоцна истиот ден, во спортска обложувалница на улицата „120“ во Тетово, полицијата го лишила од слобода К.А.(34) од Тетово, кај кого бил пронајден предмет со остатоци од кокаин. Во врска со истиот случај бил лишен од слобода и С.Р.(62) од село Челопек, одговорно лице во објектот, поради сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на опојни дроги“ по член 216 од Кривичниот законик.

Во Гостивар, пак, на улицата „Иво Лола Рибар“, полицијата го лишила од слобода С.А.(29), кај кого било пронајдено и одземено пакување со кокаин.

Две лица се лишени од слобода и во Штип. А.Ѓ.(22) и В.И.(24), двајцата од Штип, биле затекнати со грутчеста материја и марихуана, кои биле пронајдени и одземени при полицискиот преглед.

На Граничниот премин Табановце, при влез во државата, бил лишен од слобода Ј.М.(37) од Чешка. Во неговиот личен багаж, во патничкото возило со чешки национални ознаки со кое допатувал, била пронајдена и одземена марихуана.

Во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, во координација со Регионалниот центар за гранични работи Југ, го лишиле од слобода А.Г.(31) од Кавадарци. При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни