Македонија

Малолетници предизвикале пожар на автобус во Радовиш

Малолетници предизвикале пожар на автобус во Радовиш

На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни