Малолетници во угостителски објект во Охрид консумирале алкохол, поднесени кривични пријави

На 21.02.2025 година, при контрола извршена во угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека Ж.Ј.(64) од Охрид, управител на објектот и М.Ц.(33) одговорното лице во објектот, од охридското село Велгошти, на 16 малолетници им овозможиле користење алкохолни пијалоци.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави за сторено кривично дело ,,Точење алкохолни пијалоци на малолетни деца“, согласно чл.204 од Кривичниот законик.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното