Македонија

Манасиевски: Нема место за ДУИ во Владата сè додека не направат внатрешни реформи

Манасиевски: Нема место за ДУИ во Владата сè додека не направат внатрешни реформи

ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ветувањето дадено пред граѓаните дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) мора да оди во опозиција и во моментов нема никаков простор за нивно влегување во владината коалиција. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го порача портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски.

Иако во политиката владее правилото дека никогаш не треба да се каже „никогаш“, Манасиевски е дециден дека вратата за партијата од Зајас е затворена сè додека таму не се соочат со реалноста.

„Ако нешто имам научено во политиката, тоа е дека никој не вели никогаш. Меѓутоа, ние дојдовме на власт со ветувањето дека ДУИ ќе биде во опозиција. Така што, сè додека нема сериозни внатрешни реформи во ДУИ, јас не гледам дека има какво било место тие да бидат коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во оваа Влада“, заклучи Манасиевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни