Марија Шерифовиќ стана мајка, го откри полот и името на бебето

Популарната српска пејачка и победничка на Евровизија 2007 година го прошири своето семејство. Таа стана мајка на момче кое се роди на почетокот на декември, а го доби преку сурогат мајка.

На Инстаграм на Марија Шерифовиќ се појави информација која изненади многумина.

„Љубовта дојде! Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот! Марио е роден. Животот, синко, нека те води по своите најубави патишта, а јас со мојата љубов ќе те заштитам од тага и од луѓето. Благодарам на сите што испраќаат љубов и нека му биде тивко и топло се што доаѓа од тебе. Ве сакам сите!“, напиша пејачката покрај видеото на кое се гледа како го држи бебето за рака.

Името Марио пејачката го избрала „поради силната симболика“, доаѓа од латинскиот збор „маре“ што значи море, како и „марем“ што го претставува мажјакот, односно главата на семејството, пренесува Блиц.

Тие наведуваат дека покрај неа цело време била мајката на Марија, Верица Шерифовиќ, која цел живот сонувала за нејзината ќерка да има бебе.

Пејачката својата бременост ја чуваше во строга тајна, а своевремено во телевизиско шоу зборуваше за желбата да стане мајка.

„Тоа е многу интимно прашање, особено во овој момент и во овој случај. Не сум го сменилa тоа мислење и со нетрпение го очекувам тој момент, кој веројатно се ближи. Во принцип, се што има врска со дете е сериозна работа и за тоа нема шеги. Тоа ќе ми се случи на многу испланиран начин, кога ќе бидам подготвенa да му ја подадам суштината на мојот живот на Шерифовиќ јуниор. Знам како ќе се вика, но не можам да кажам“, рекла тогаш таа.