Македонија

Марш контра Парадата на гордоста: „Сојузот за живот“ бара заштита на семејството и бракот

„Полот и родот се биологија, а не идеологија“, „Само животот има иднина“, „Бог, брак, семејство, смисла“ беа дел од транспарентите кои можеа да се забележат на собирот, кој може да се нарече контра марш на Парадата на гордоста.

Под мотото „Сведоштво за семејството”, граѓанската платформа „Сојуз за живот” организираше, како што велат, граѓанско-верски собир со цел да се испрати порака за заштита на вистинските и темелните, животни, брачни, семејни и верски вредности.

Откако одиграа неколку традиционални ора, маршот тргна од црквата „Света Богородица“ кон Соборниот храм.

-Мислам дека е јасно зошто сме тука. Се гледа. Се што е неприродно, осудено е на деструкција. Сепак, природата си е таа, како што е така треба да биде. Затоа сме тука, пораката е јасна-рече учесник на маршот.

-Да дадеме поддршка на семејните вредности-вели учесник на маршот.

Новинар: Дали сте против парадата и зошто токму денеска излеговте?

-Против која парада, против другата?

Новинар: Да

-Да, да.

Новинар: Зошто сте против?

-Заради поддршка на семејните вредности. Ако дадеме поддршка на другата парада, ќе немаме веќе семејни вредности.

-Треба да се зачува бракот, семејството, тоа е традиција, благословена од Господ и така треба да продолжи за да опстане една нација и еден народот-

Новинар: Дали сте против парадата?

-Сме. Да не ги спомнувам кој се. Толку.

-Овде сме за да го кажеме нашиот став за зачувување на традиционалното семејство. Да ја искажеме нашаата загриженост во однос на процесите што се случуваат во однос на семејството и да ја искажеме нашата загриженост преку овој настан и овој марш-

„Сојузот за живот” го сочинуваат повеќе невладини организации, движења и неформални групи кои се залагаат за заштита на вредностите на традицоналното семејство и бракот.

Велат дека се спротиставуваат на таа идеологија и поучени од случувањата на запад и страшните последици кои ги гледаат таму, се залагаат тоа да не пушти корени во нашата држава и општество.

Потписните на Декларацијата бараат државата да обезбеди услови за хармоничен развој на личноста на детето во општество што ги афирмира вредностите на бракот и семејството. За нив се неприфатливи истополовите бракови, преименување на таткото и мајката со полово недефинирани родител 1 и родител 2, како и родовата идеологија во воспитувањето и образованието на децата. Сметаат дека треба да се озакони забраната за посвојување деца од истополови партнери или од партнери со оперативно променети полови. Меѓу останатото, побараа национална стратегија за заштита на бракот и семејството со социо-економски мерки и активности за нивно опстојување, како и национална демографска стратегија за поттикнување на наталитетот, хумана популациска политика и спречување на емиграцијата.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни