Со пораки како „Профит за нив, болести за нас“, „Дишеме отров“, „Воздухот не е луксуз, тоа е право“ и „Стоп за загадувањето“, граѓани денеска излегоа на марш, барајќи заштита на здравјето и животната средина.

Демонстрантите порачаа дека економските интереси не смеат да бидат поважни од здравјето на луѓето.
Маршот започна пред Владата, по што учесниците се упатија кон Собранието, а потоа продолжија пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Тие нагласија дека институциите имаат обврска да постапуваат во интерес на граѓаните и дека прашањата поврзани со загадувањето и заштитата на јавното здравје бараат итни и конкретни мерки.

Дел од пораките упатени преку транспарентите се однесуваа и на мерењето на загадувањето, при што беа изнесени забелешки дека состојбата на терен не се прикажува реално и дека граѓаните со години се изложени на штетни емисии.
Присутните истакнаа дека не прифаќаат состојба во која, како што порачаа, „профитот е пред здравјето“, нагласувајќи дека правото на чист воздух е основно човеково право, а не привилегија.
ФОТО: Марио Андоновски
